Портпаролот на Стејт департменот, Нед Прајс, објави дека безбедно завршила евакуацијата на дипломатскиот персонал од американската амбасада во Кабул.
Потврдуваме дека безбедната евакуација на целиот персонал на амбасадата сега е завршен. Сиот персонал на амбасадата е лоциран во објакти на меѓународниот аеродром Хамод Карзаи, чиј периметар е обезбеден од војската на САД – соопшти Прајс.
Претседателот Џо Бајден претходно одобри распоредување на дополнителни 1.000 американски војници на аеродромот заради обезбедување на објектот среде евакуацијата на дипломатскиот персонал на САД, како и на авганистанските државјани кои бараат статус на бегалци во Вашингтон.
Во меѓувреме, вкупно 64 земји синоќа потпишаа заедничка изјава која повикуваат на безбедно и уредно заминување на сите што сакаат да го напуштат Авганистан по талибанската офанзива.
Помеѓу земјите потписнички на заедничката изјава, меѓу останатите се и САД, Канада, Франција, Германија и Велика Британија.
Портпаролот на талибанците, Забинулах Муџахид, вчера соопшти дека почнале да ја преземаат контролата врз Кабул и јавните згради откако владините сили го напуштија главниот град на Авганистан. По вестите за преземањето на контролата врз градот, голем број улици во Кабул останаа празни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.