Парламентот во Тајланд одобри промена на законот за дроги со цел да се овозможи медицинска употреба на марихуана.

Тајланд е првата земја во југоисточна Азија која ќе ја легализира марихуаната во медицински цели, а слична одлука се очекува и во Малезија. Парламентот го усвои законот во последното читање со 166 гласови „за“, ниту еден против и 13 „воздржани“.

Со промената на законот се легализира и производството, увозот, извозот, поседувањето и употребата на производи од марихуана за медицински намени.

Рекреативната употреба ќе биде и понатаму нелегална, со затворска и парична казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.