Националниот советодавен комитет за имунизација на Ирска, препорачал стопирање на употребата на оксфордската вакцина „АстраЗенека“ во оваа земја, пренесува „Irish Times“.

Од Министерството за здравство на Ирска соопштиле дека препораката била добиена врз основа на извештај на Норвешката агенција за лекови по четири нови случаи со згрутчување на крвта кај пациентите по вакцинација со оваа вакцина.

„Не е заклучено дека постои било каква врска помеѓу вакцината и овие случаи. Меѓутоа, поради безбедност, а во исчекување на дополнителни информации, Националниот советодавен комитет за имунизација препорача повремено стопирање на употреба на вакцината „АстраЗенека“ во Ирска, наведува „Sky News“.

Инаку, Националниот комитет за имунизација денеска повторно ќе заседава, по што се претпоставува дека ова тело ќе се обрати во јавноста.

Пред два дена од СЗО соопштија дека вакцината „АстраЗенека“ е одлична и дека не се утврдени последични врски помеѓу вакцинацијата со оваа вакцина и пријавување на било какви здравствени проблеми потоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.