Во неколку италијански градови на сила е висок степен на подготвеност по обилните додови ноќеска, вклучувајќи ја и Венеција, каде што жителите и туристите се подготвуваат за уште една вонредно висока плима.
Градот, кој ја преживува најтешката поплава во последните 50 години, се соочува со висока плима од околу 160 цм околу пладне, соопшти градскиот центар за предвидување плима.
Властите во фиренца и Пиза внимателно ја следат состојбата на реката Арно, чиешто ниво на водата рапидно порасна во текот на ноќта.
Штетите од поплавите во Венеција засега се проценуваат на околу милијарда евра. Врвот на плимата бил околу 187 цм синоќа во 22.50, што е за 7 цм помалку од рекордните 194 цм во 1966 година.
Во нормални услови за плима од 80-90 цм се смета дека е висока, но надминлива.
И најдолгата италијанска река По, која се протега низ северна италија и минува низ Торино, исто така има висок водостој откако нивото во последните два часа пораснало за метар и половина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.