Високиот советник на УНИЦЕФ за клима, енергија и животна средина, Гаутам Нарасимхан, предупреди дека околу една милијарда деца ширум светот се изложени на ризик од негативните ефекти на климатските промени.

Нарасимхан вели дека климатската криза во пракса може да се оцени како криза во областа на правата на децата.

Вкупно 99 проценти од 2,2 милијарди деца во светот се изложени на ризик од најмалку еден процес поврзан со климатските промени, како што се топлина, урагани, поплави, суши и загадување на водата, вели Нарасимхан, цитирајќи го првиот индекс на климатски ризик за деца, објавен од УНИЦЕФ во август оваа година

Околу една милијарда деца ширум светот би можеле да бидат изложени на ризик од негативните ефекти на климатските промени. Климатските шокови на кои се изложени децата, се закана не само за здравјето, туку и за образованието и животниот стандард – вели Нарасимхан .

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.