Унгарските војници и помагаат на полицијата во извршувањето на своите должности на јавни места и ќе учествуваат во одржување на редот, мирот и јавната безбедност.

Државниот секретар за одбрана, Силард Немет, на прес-конференција соопшти дека војниците ќе помогнат да се контролира почитувањето на правилата што се во сила за време на вонредната состојба, вклучително и полицискиот час.

Немет додаде дека армијата ќе ги стави на располагање сите свои капацитети и средства за помош на унгарскиот народ и за одржување на безбедноста и мирот во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.