Унгарија очекува до крајот на оваа година да ja добие потребнaтa технологии и да почне со производство на руската вакцина „Спутник В“ до крајот на 2022 година.
До крајот на оваа година ќе можеме да го завршиме процесот на трансфер на технологија, а до крајот на 2022 година ќе биде можно да се произведе вакцината „Спутник В“ под руска лиценца – изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто на заедничка прес-конференција по разговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Според Сијарто, на овој начин може да се намали ранливоста на земјата, како и да се искористат придобивките од надворешната политика преку испорака на вакцини на странски пазари.
Производствениот погон на „Спутник В“ ќе се гради во градот Дебрецен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.