Унгарија денеска почна со вакцинирање на здравствените работници со вакцината на Фајзер/БиоНТек против коронавирусот, еден ден порано отколку во повеќето други земји на Европската унија.

Унгарија, како и сите членки на ЕУ27, утрово ја прими првата пратка со вакцини против коронавирусот, што ќе биде доволно за имунизација на 4.875 лица.

Вакцините биле доставени до Будимпешта со полициска придружба.

Почнавме со имунизација меѓу здравствените работници во согласност со претходно дефинираниот план – рече владиниот портпарол.

Првите вакцинации се вршат во главниот ковид центар во Будимпешта, Централната болница Дел-Пест, а попладне и во втората главна болница во Будимпешта.

Унгарија до денес има пријавено 315.362 случаи на Ковид-19 и 8.951 починати



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.