Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер ги отфрли обвинувањата дека земјата користела софтвер за следење на комуникациите на опозициски настроени новинари.

Унгарија се најде меѓу земјите обвинети дека користеле програма од израелско потекло за следење на разговорите. Пинтер укажа на извештајот за работата на тајните служби кој покажал дека од 2010 година наваму, безбедносната служба НБХ не вршела незаконско следење на комуникациите.

Министерот најави дека е подготвен за средба со независната пратеничка Бернадет Шел која изнесе обвинувања на сметка на Министерството.

Унгарија е демократска земја во која се почитува владеењето на правото, и која постапува во согласност со важечките закони. Владините институции и независни организации редовно ја проверуваат работата на службите кои се задолжени да вршат прислушкување, изјави Пинтер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.