Унгарија почна голема модернизација на вооружените сили во рамките на која ќе купи 44 нови тенкови и 24 хаубици од германската компанија Krauss-Maffei Вегман (KMW).
Магазинот „Јанез“ пренесува дека договорот меѓу Министерството за одбрана на Унгарија и KMW бил потпишан во средата во Будимпешта. Унгарците за најновите варијанти на 44 тенкови „Леопард 2A7 и 24 самоодни хаубици PzH 2000 одвоија 565 милиони долари. Пред една недела тие нарачаа 16 повеќенаменски хеликоптери H225M произведени од „Ербас“, чија цена достига и од 20 милиони по летало.
Виктор Орбан ги реализираше своите идеи и планови набави голема модернизација на вооружените сили. Па така копнената војска има само 34 Т-72 тенкови во активна служба, додека 130 се во резерва.
Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна. Тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, бидејќи без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.