Унгарија ќе стави вето на евентуалниот предлог за воведување санкции на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, порача денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто изјави дека ЕУ може да воведе санкции против секого само со едногласна одлука на земјите-членки, но дека на сите мора да им биде јасно дека Унгарија нема да поддржи никакви санкции против Додик и дека ќе стави вето во случај на таков предлог.
Тој потсети дека новата шефица на германската дипломатија Аналена Бербок неодамна побарала воведување санкции против Додик.
Загрижени сме поради ваквите изјави, бидејќи БиХ ни е блиску. Зачувувањето на стабилноста и мирот во земјата е наш основен безбедносен интерес. Берлин е подалеку, но не толку далеку за од таму никогаш да не би можеле да долетате во Бања Лука. Летајте и преговарајте. Разговарајте со Србите. Со нив, не за нив. Можеби ова ќе ви помогне да ја разберете ситуацијата“, напиша Сијарто на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.