Бројот на лица дијагностицирани со KОВИД-19 во Унгарија се зголеми на 678, според податоците на владината страница за информации за коронавирус.

Бројот на загинати се зголемил на 32, што е за шест од вчера. Петмина од жртвите биле над 77 години.

Бројот на излечени изнесува 58. Во моментот, околу 11.399 лица се во задолжителен домашен карантин. Досега во Унгарија се спроведени 19.424 тестови.
Будимпешта останува најинфицираната област со 291 случаи, Пешта со 134. Третиот заразен регион во Унгарија е округот Гир-Мосон-Сопрон, со 33 случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.