Унгарската влада соопшти денеска дека ја затвора транзитната зона на својата јужна граница со Србија, каде што се сместени барателите на азил додека чекаат одлука за нивната апликација.
Ова го соопшти на прес-конференција шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш, додавајќи дека 280 баратели на азил ќе бидат префрлени во прифатните центри, додека во иднина барателите на азил во Унгарија ќе можат да ги достават своите барања до унгарските дипломатски мисии.
Чекорот на Владата уследи по минатонеделната одлука на судот на ЕУ, кој оцени дека држењето мигранти во транзитната зона се смета за притвор.
Унгарската влада не се согласува со таа одлука, сметаме дека е ризик за безбедноста на Европа, но како земја членка на ЕУ, ќе се придржуваме до сите судски одлуки – потенцира Гуљаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.