Унгарскиот Парламент ја одложи ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО до нејзината есенска седница, што значи дека нордиската земја нема да се приклучи Алијанса пред или за време на Самитот на НАТО во јули.
Пратеничката од опозициската Демократска коалиција, Агнес Видаи, на Фејсбук напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес нема да закажат гласање за прием на Шведска за време на последната пролетна сесија следната недела.
Високи унгарски претставници изјавија дека го поддржуваат влезот на Шведска во Aлијансата, но поставија барања до Стокхолм како услов за прием.
Во март Унгарија испрати делегација во Шведска и Финска за да ги реши „политичките спорови“ кои предизвикаа сомневања кај некои пратеници на Фидес дали да ги поддржат нивните апликации за НАТО.
Владата на Орбан тврди дека шведските политичари кажуваат „чисти лаги“ за состојбата на демократијата во Унгарија, што, според него, оставило некои пратеници несигурни дали да ја поддржат кандидатурата за пристап.
Неизвесноста околу кандидатурата на Шведска е зголемена со приговорите од Турција, која го обвинува официјален Стокхолм дека е премногу мек кон групите кои Анкара ги смета за терористички организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.