Унгарија ги затвора училиштата почнувајќи од утре, за да го спречи ширењето на вирусот корона – најави премиерот Виктор Орбан.

Премиерот соопшти дека училиштата ќе вршат настава преку интернет.
Министерството за образование во текот на неделата ќе разработи нови методи за држење на часовите.
Унгарија има формирано десетина комисии во разни области чија задача е да го спречат ширењето на вирусот кој го зафати светот.

Досега во земјата се дијагностицирани 25 случаи на вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.