Ден 50 – уште стоиме. Со овој наслов стои под видеото со борбата на унгарската влада и народ против коронавирусот, кое денеска го објави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Ви благодариме за сè што правите за нашата нација во овие тешки времиња. Верувам дека со наша и помош од Бога, заедно ќе успееме да победиме, се вели во коментарите.

Денеска Орбан соопшти дека првата фаза од борбата против корона вирусот завршила, и дека Унгарија ќе почне постепено и внимателно да се отвара.

Олабавувањето на мерките ќе почне од внатрешноста на Унгарија, додека главниот град Будимпешта, каде поради густината на населението опасноста од ширење на вирусот се уште е висока, ќе остане под посебен режим.

Според него, досегашните мерки беа потребни за јавното здравство да се мобилизира и опреми доволно за да се справи со епидемијата, и откако „првата фаза од одбраната“ е завршена, може да се прејде во нова, по-релаксирана фаза.

Дури и ако болеста се рашири, никој нема да биде оставен без соодветна нега, потенцираше унгарскиот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.