Ричард Марсинко, ветеран од војната во Виетнам и првиот официјален офицер на чело на Тимот 6 на американските елитни специјални единици „Фоки“ (SEAL), починал на 25 декември на 81-годишна возраст.
Веста за смртта на Марсинко ја соопшти неговиот син Мет преку социјалните мрежи.
На Божиќ, го загубивме херојот познат и како бунтовниот воин, пензионираниот командант и основач на Тимот 6 на морнаричките „фоки“, мојот татко. Неговото наследство ќе живее засекогаш. Човекот што почина е вистинска легенда. Почивај во мир тато, ќе те сакам засекогаш – напиша Мет Марсинко
Тимот 6 на морнaричките „Фоки“, создаден во 1980 година од Марсинко е тајна единица на најелитните специјакни сили на војската на САД. Токму припадниците на овој тим ја добија задачата за изведување на тајната операција која заврши со смртта на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен во Пакистан во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.