Украинскиот претседател Владимир Зеленски донесе одлука да замени 12 амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во Соединетите Американски Држави, Валерија Цели.

Зеленски го започна процесот на реконструкција на украинскиот дипломатски кор. Одлуките за заменување на 12 амбасадори во светот веќе се донесени – соопшти администрацијата на претседателот.

Како што додаваат, наскоро ќе ѝ истече мандатот на сегашната амбасадорка во САД, според ТАСС.

Предлозите за нови амбасадори се разгледуваат, а нивните имиња се финализираат, се вели во соопштението, во кое се додава дека Зеленски наскоро ќе донесе декрет за таа пригода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.