Украинскиот премиер Олексеј Хончарук вчера поднесе оставка, а ќе го замени неговиот досегашен заменик премиер Денис Шмигал.
Украинскиот парламент го примил писмото со оставката на Хончарук, потврди претседателот на Врховната рада, Дмитриј Разумков.
Министрите за финансии и за надворешни работи, како и државниот обвинител, исто така, можно е да ја напуштат владата во рамки на реконструкцијата што треба да се изведе неделава, изјавија пратеници од партијата на претседателот Володимир Зеленски, пренесоа британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.