Пратеникот во украинскиот Парламент, Валериј Давиденко, е пронајден мртов со прострелна рана во главата во својот кабинет, соопшти министерот за внатрешни работи, Антон Герашченко.

Герашченко оваа вест ја објави на својот ФБ профил, соопштувајќи дека полицијата и обвинителството работат да откријат дали се работи за убиство или за самоубиство.

Давиденко на минатите парламентарни избори во Украина влезе како независен кандидат, а пред неколку години беше заменик на министерот за земјоделство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.