Украинскиот воен претставник, Вадим Скибицки, изјави дека Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата против Украина. Ваквата изјава доаѓа откако Москва објави дека руските вооружени сили ќе ги интензивираат воените операции во „сите оперативни области“.

Официјален Киев тврди дека руски ракети и проектили гаѓале украински градови во последните денови, а во нападите се убиени десетици луѓе.

Тоа не беа само ракетни напади од воздух и од море. Гледаме гранатирање по целата линија на фронтот. Има активна употреба на тактичка авијација и напаѓачки хеликоптери. Јасно е дека сега се во тек подготовките за следната фаза од офанзивата – изјави Скибицки, кој е портпарол на украинската воена разузнавачка служба.

Украинската армија соопшти дека Русија ги прегрупирала единиците за офанзива кон Славјанск, симболично важен град во Доњецк во источна Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.