Украинските власти започнаа кривична истрага, откако патнички воз од Русија пристигна на Крим преку новиот руски мост, со тврдење дека возот нелегално пренесувал патници преку украинската граница.
Украинските власти сметаат дека изградбата на мостот е кршење на меѓународното право, а во октомври минатата година обвинителството покрена тужба против компаниите вклучени во неговата изградба, пренесе агенцијата АП.
Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин ја отвори железничката линија што сообраќа преку Керчската теснина, поради што украинското Министерство за надворешни работи испрати протестна нота до Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.