Украина ја одложи контраофанзивата на неодредено време поради недоволно оружје, пишува „Форин полиси“, повикувајќи се на пратеничката од Врховната Рада, Олександра Устинова.
Според неа, во Киев се надевале дека ќе ја започнат операцијата во април, но Соединетите Држави обезбедиле „многу помалку“ отколку што шефот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, побарал од Пентагон. Воената помош доаѓа „малку по малку“ бидејќи администрацијата на претседателот Џо Бајден е при крај со финансирањето за преостанатото оружје што може да го пренесе од залихите на Пентагон.
Устинова истакна дека Украина има доволно средства за противвоздушна одбрана само за да покрие неколку градови. Ракетните системи со среден дострел „Хок“ што ги испорачуваше Вашингтон беа прекинати од американската армија во 1990-тите, па во Украина пристигнаа без радар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.