Украина и САД ќе почнат воени вежби во Црното Море и на југот на Украина, во кои ќе бидат вклучени повеќе од 30 земји и покрај руските барања за откажување на вежбите.
Вежбите со кодно име „Си Бриз 2021“ следуваат по зголемувањето на тензиите помеѓу НАТО и Русија, која минатата недела имаше сериозен конфликт со Британија околу британски брод кој ги наруши руските територијални води.
Руската амбасада во Вашингтон минатата недела повика вежбите да бидат откажани, а руското Министерство за одбрана изјави дека нема да се двоуми да реагира доколку треба да ја штити својата национална безбедност.
Вежбите ќе траат две недели, а во нив ќе бидат вклучени 5.000 војници на НАТО и останатите сојузнични земји. Покрај тоа ќе има и околу 30 бродови и 40 авиони, а ќе учествува и американскиот ракетен уништувач УСС „Рос“.
Украина вели дека главна цел за време на мултинационалната операција им е да стекнат искуство во заедничките акции за одржување на мир и безбедност.
Односите на Киев и Москва се на многу ниско ниво поради руското поддржување на сепаристичките бунтовници во источна Украина.
Тензиите меѓу двете држави и понатаму растат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.