Украина ја доби првата пратка од 500.000 дози од вакцината протв корона вирусот на компанијата „АстраЗенека“, што ќе овозможи почеток на вакцинацијата, а први во редот ќе бидат здравствените работници кои се ангажираи за борба против Ковид-19, како и припадниците на армијата.
Локалните медиуми посочуваат дека Украина заостанува зад соседите во обезбедувањето вакцини за своите 41 милион жители. Таа побара од Европската Унија да и помогне откако одби да добие од руската вакцина „Спутник“.
Ќе почнеме со вакцинирање што е можно поскоро. Мораме заедно да се бориме против Ковид – напиша на Твитер украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Бројот на лица заразени со корона вирус повторно почна да се зголемува по затишјето за време на строгиот карантин на почетокот на годината.
Владата отвори мобилни болници на западот на земјата поради наглиот пораст на бројот на заразени во регионот Ивано-Франкивск.
Од почетокот на пандемијата во Украина се регистрирани повеќе од 1,3 милиони позитивни на корона вирусот и 25.309 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.