Царините за челик и алуминиум ќе бидат укинати пред крајот на оваа година, се наведува во нацрт-заклучокот за средбата на врвот ЕУ-САД во Брисел на 15 јуни, јави Блумберг, посочувајќи дека со тоа се става крај на трговската војна меѓу Брисел и Вашингтон.

На средбата следната недела се очекува двете страни да се договорат за надминување на несогласувањата меѓу кои и речиси дводеценискиот спор за државните субвенции за Боинг и за Ербас. Вкупната сума за царините (ЕУ-САД) за стоки е над 18 милијарди долари.

Брисел и Вашингтов веќе се договорија да ги укинат привремено царините поврзани со спорот за да се олесни подтигнување договор. Во предлог заклучоците се наведува дека двете земји ќе работат и на отстранување на тарифите за челик и алуминиум пред 1 декември.

Во 2018 година, САД воведоа царински давачки за увоз од ЕУ поради национална безбедност. Брисел возврати со 2,8 милијарди долари царини за разни американски производи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.