Во основно училиште во американската сојузна држава Кентаки учителка по подот во училиштето влечела 9-годишно аутистично дете.
Учителката била снимена од надзорните камери.
Инцидентот се случил пред два месеци, а училиштето не го објави идентитетот на учителката.
Учителката е отпуштена од училиштето и спроведена е истрага. Инцидентот го пријавивме во Одборот за стандарди во образованието во Кентаки, изјави директорката на училиштето.
Мајката на ученикот за Си-Ен-Ен изјави дека синот го отпишала од училиштето откако дозналУа за инцидентот.
Таа снимката ја објавила на Фејсбук, а под неа додала дека нејзиниот син има дијагноза за аутизам, АДХД, ПТСП и депресија, а исто така има и проблеми со говорот.
Видеото погледнете го на линкот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.