На 20-годишната Брук Скајлар Ричардсон ѝ се суди за чедоморство, откако го убила своето штотуку родено бебе. Грозоморниот настан се случил во мај 2017 година.
Тогаш 18-годишната Ричардсон сфатила дека е бремена само еден месец пред породувањето, по што се распрашувала кој е најефикаснуиот начин „да се ослободи“ од бебето. Гинекологот, кој ѝ ја потврдил бременоста, ѝ рекол дека не мора да го задржи бебето, доколку не сака. Таа му одговорила дека има намера да оди на факултет и бебе не ѝ е потребно.
Брук се породила среде ноќ, сама во тоалетот во куќата каде што живеела со родителите. Веднаш потоа го убила бебето и го закопала во дворот.
На судењето се откриени и морбидни детали. Веднаш по ужасниот чин, таа на својата мајка ѝ испратила шокантна порака, а потоа и сликала селфи во тоалетот на кој го покажува стомакот.
Без зборови сум, толку сум среќна што сега стомакот ми е рамен!, гласела пораката.
Следниот ден, пак, објавила фотографии на социјалните мрежи во тесен црвен фустан, каде напишала дека конечно си ја вратила фигурата.
The defense shows these pictures.
Photo right from Feb 2017
Photo left from May 5th, 2017. #BrookeSkylarRichardson’s delivery date was May 7th, 2017.
Same dress in both photos-no alternations. #OHvRichardson#courttv pic.twitter.com/j2YuV193en— Chanley Shá Painter (@ChanleyCourtTV) September 4, 2019
Убиство било откриено кога отишла кај гинекологот за да побара пилули за контрацепција. Тој ја прашал што се случило со бебето, а тинејџерката тогаш низ плачење му ја открила вистината. Била уапсена во јули истата година.
Адвокатите на Ричардсон, велат дека бебето било бледо кога се родило на подот од тоалетот и дека не дишело. Нејзините адвокати велат дека Брук испаничила и потоа го закопала. Тие тврдат дека таа мислела оти има уште неколку месеци до породот, а бебето стигнало среде ноќ само 11 дена откако дознала дека воопшто е трудна. Брук не знаела што да прави и го погребала бебето во дворот.
Меѓутоа, обвинителите ја прочитале текстуалната порака која таа ѝ ја испратила на мајката, како ѝ селфито кое го фотографирала во теретана малку по породот. За нив тоа е доказ дека девојчето и нејзината мајка знаела за бременоста, иако тоа го негираат. Обвинителите велат дека го претепала девојчето ѝ дека размислувала како да се ослободи од него, уште откако во април дознала дека е трудна.
На судот сведочел и Треј Џонсон, кој вели дека татко на бебето. Изјавил дека тој и Брук имале сексуални односи два пати во август 2016 година, еднаш без заштита, и дека веројатно таа тогаш останала трудна. Никогаш не му кажале за бебето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.