Американските медиуми го открија идентитетот на жената која синоќа беше застрелана при упадот во Конгресот каде се одржуваше седница за потврда на победата на Џо Бајден на американските претседателски избори.

Како што јавува New York Post жената која била застрелана е Ashlee Babbitt, ветеранка во Американското воено воздухопловство од Сан Диего.

Жената, пред упадот на приврзаниците во зградата на Конгресот на Твитер напишала „Ништо нам нема да не запре“, и „Бурата е овде“. Била мажена, а во Американското воено воздухопловство поминала 14 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.