Тајланските безбедносни сили синоќа го убиле војникот Џакрапанту Тома, кој во убиствениот поход низ градот Након Рачесима уби 26, а рани уште 52 лица, соопштија тајланските власти.
Тајландскиот министер за здравство, Анутин Чарнивиракул, потврди дека војникот е убиен во трговскиот центар „Терминал 21“, пренесоа британските медиуми.
И благодариме на полицијата што ја заврши оваа ситуација. Напаѓачот е убиен!, наведе министерот на Фејсбук, што подоцна беше потврдено и од војската и од полицијата.
Полицијата дефинитивно потврди дека избезубениот војник бил 32-годишниот Џакрапанту Тома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.