Еден тинејџер е убиен, а седум други се повредени откако двајца ученици отвориле оган во средно училиште во САД, пренесе „Би-би-си“.

Нападот се случил вчера во училиштето „Хајландс Ранч“, во близина на Денвер, Колорадо. Двајцата напаѓачи се уапсени, соопштија од полицијата.

„Хајландс Ранч“ е на 8 километри од средното училиште „Колумбин“, местото каде се случи една од најфаталните училишни престрелки пред 20 години.

Од почетокот на 2019 година, ова е 115-ти случај на масовно пукање во САД.

Од училиштето веднаш ги контактирале итните служби, а полициските службеници пристигнале во училиштето за две минути.

Тони Спурлок од полицијата изјави „немаме информации дека некој бил конкретна цел“, додавајќи дека е прерано да се дојде до заклучоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.