Француските сили го убиле шефот на Ал Каеда за северна Африка Абделмалек Друкдел во северниот дел на Мали, соопшти министерката за одбрана Флоранс Парли.
Француските вооружени сили, со поддршка на нивните локални партнери, на 3 јуни го убија шефот на Ал Каеда за исламскиот Магреб, Абделмалек Друкдел, за време на операцијата во северниот дел на Мали, напиша таа на Твитер.
Парли додаде дека биле убиени и неколкумина негови најблиски соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.