Осомничениот за нападот во калифорнискиот град Гилрој е убиен. Тоа го потврди локалниот полициски началник Скот Смити.

Три лица загинаа и 15 беа ранети во нападот што се случи во последниот ден од фестивалот на храна.

Смити појасни дека мажот осомничен дека отворил оган врз учесниците на фестивалот бил ликвидиран многу брзо.

– Очевидци укажуваат на уште еден осомничен, но засега не е јасно дали и тој пукал – дополни Смит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.