Австриските власти не објавуваат конкретни податоци за бројот на загинати во терористичкиот напад во центарот на Виена, во кој имаше експлозија на бомба како и претрелка со вооружени напаѓачи.
Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, го опиша инцидентот како терористички напад и соопшти дека еден од напаѓачите загинал, додека другиот е во бегство.
Министерот изјави дека неколку лица загинале, а повеќе се повредени меѓу кои е и еден полицаец.
Блокади се поставени околу центарот на градот.
Според првичните информации пукањето се случило во уличка во близина на синагогата.
Лидерот на еврејската заедница во Виена Оскар Дојч твитна дека е нејасно дали виенската синагога е мета на нападот или во тоа време била затворена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.