Полската конзервативна партија Право и справедливост (ПиС) убедливо победи на парламентарните избори кои се одржаа вчера. ПиС освои 45 проценти од гласовите, далеку пред најблискиот конкурент – исто така конзервативната Граѓанска платформа, која настапуваше поддржана од повеќе мали либерални партии, но сепак освои само 22 проценти од гласовите.
Полската левица се пласираше далеку на третото место со 12 проценти од гласовите, следена од уште две десничарски партии со 10 и 6 проценти од гласовите.
Со овој резултат, ПиС ќе добие мнозинство од 239 места од вкупно 460 во полскиот Сејм и се очекува без проблем да ја формира и следната влада. Партијата предводена од Јарослав Качињски првите честитки ги доби од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во полската десница гледа клучен сојузник во Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.