Ирската полиција соопшти дека уапсила машко лице кого британските власти го бараат во врска со случајот со камионот ладилник, во кој на југоистокот од Англија беа пронајдени 39 мртви лица. Осомниченото лице било уапсено во пристаништето во Даблин, јавија американските медиуми.

По ова апсење бројот на приведени лица во овој случај се зголеми на пет. Меѓу нив е и возачот на камионот Морис Робинсон, кој, исто така, потекнува од Северна Ирска. Против него веќе е покренато и обвинение за убиство на 39 лица.

Британската полиција се обидува да ги идентификува жртвите, кои потекнуваат од Азија. Во тек е аутопсијата на нивните тела. Амбасадата на Виетнам во Лондон воспостави црвена линија за семејствата кои сакаат да се информираат за свои исчезнати членови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.