Повеќе од 600 лица се приведени на протестите во Москва.

Демонстрантите се собраа во руската престолнина откако властите дисквалификуваа голем број кандидати на опозицијата и им забранија да учествуваат на локалните избори. Меѓу уапсените е и Љубов Собол, чија кандидатура исто така беше одбиена. Таа се кандидираше за член на градскиот совет на Москва.

Руските власти првично соопштија дека имало само 30 апсења и 350 присутни, но овие бројки ги негираа невладините кои изјавија дека биле приведени околу 600 лица и дека полицијата била брутална и насилна при апсењето на демонстрантите.

Повеќето од опозициските водачи се наоѓаат во затвор, откако им беа изречени казни од седум до 30 дена притвор. Кандидатурите на повеќе опозициционери беа отфрлени со образложение дека „ги фалсификувале потписите од граѓаните“ кои им дале поддршка и се услов за да учествуваат на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.