Француската полиција уапсила пилот, кој најавувал дека со авион „цесна“ ќе удри во катедралата Нотр Дам.

Според весникот „Паризиен“, при опретресот на неговиот дом, полицијата не пронашла планови за таква акција. Уапсениот пилот е ставен на психијатриско лекување.

Поранешниот пилот на патнички авиони, е уапсен откако на свој пријател му најавил дека планира со мал авион да се забие во Нотр Дам.

Човекот што го пријавил, тврди дека поранешниот пилот имал финансиски проблеми и алкохолизам и дека бил психички нестабилен.

Тој е уапсен во локална црква, а во моментот на апсењето, во себе имал шише виски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.