Уапсен е припадник на Националната воздухопловна гарда, осомничен за обелоденување на високодоверливи документи кои го посрамотија Вашингтон меѓу сојузниците ширум светот, објави Ројтерс повикувајќи се на извор запознаен со истрагата.
Изворот, кој сакал да остане анонимен, не соопштил детали. Портпаролот на седиштето на ФБИ не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар. Според агенцијата, апсењето било спроведено денеска во Масачусетс.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави претходно дека истражителите се приближуваат кон изворот на истекувањето, за кое се верува дека е најсериозното нарушување на безбедноста во последните години.
„Њујорк тајмс“ објави дека водачот на интернет-групата што ги објави доверливите документи е член на Националната гарда на воздухопловните сили на Масачусетс. Тој го именуваше како Џек Тешеира, кој раководел со Таг Шегер Централ (Thug Shaker Central) онлајн-група каде што околу 20 до 30 луѓе ја споделуваа својата љубов кон оружјето, расистичките мемиња и видео игрите.
Истражители од ФБИ изјавија дека сакаат да го сослушаат уапсениот. Американското Министерство за правда отвори формална кривична истрага минатата недела, откако случајот беше доставен до Пентагон, кој ја проценува штетата.
Се вели дека некои од најчувствителните објавени детали се поврзани со воените способности и недостатоци на Украина, како и информации за сојузниците на САД, вклучувајќи ги Израел, Јужна Кореја и Турција.
Ројтерс прегледа повеќе од 50 документи, означени како „тајни“ и „строго доверливи“, но не можеше независно да ја потврди нивната автентичност. Бројот на протечени документи е веројатно повеќе од стотина.
Би Би Си објави дека 21-годишниот Џек Тешеира бил вработен во Националната воздушна гарда на Масачусетс, во одделот за разузнавање. Според информациите, тој водел чат-група на онлајн гејмери, каде во последните месеци и ги објавувал документите со доверливи информации.
🚨#Breaking, FBI SWAT officers have detained a suspect in the leak of Pentagon documents – 21-year-old Jack Teisher, a member of the Massachusetts Air National Guard.🇺🇸🔥#UkraineRussiaWar #Ukraine #FBI #USA #jackteixeira #Kreminna #Bakhmut #Russia
— WarFrontline (@WarFrontline) April 13, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.