Трисет и седумгодишен маж во средата вечерта влегол во катедралата „Свети Патрик“ во Њујорк со два канистра полни со бензин, течност за запалки и запалки, соопшти полицијата на американската метропола.
Мажот влегол во катедралата на Менхетен околу 20 часот и се судрил со припадници на обезбедувањето, соопшти њујоршката полиција. Кога се свртил да си замине, бензинот се пролеал на подот, а обезбедувачите ја известиле полицијата која била пред храмот.
Полицајците по испрашувањето го привеле човекот, рекол Џон Милер од одделот на њујоршката полиција за разузнавачки и антитерористички активности.
Уапсениот маж во полицијата дека одел по покус пат низ катедралата за од Петтата авенија да стаса до авенијата „Медисон“ бидејќи неговото комбе останало без гориво, додал Милер. Кога полицијата го проверила возилото, утврдила дека тоа не било без гориво, поради што и човекот бил уапсен, посочил Милер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.