Ален Робер, познат како „францускиот спајдермен“, денеска, без јажиња, се качи на облакодер во Париз за да помогне да се соберат пари за реновирање на прочуената катедрала „Нотр дам“.
Робер (56), кој повеќе од 100 пати се качил на облакодери ширум светот, овој пат го освои врвот на зграда висока 185 метри, со редовно застанување за да стави креда на рацете, пренесе „Ројтерс“.
Кога заврши со качувањето, тој беше уапсен. Набљудувачите на овој необичен потфат со своите паметни телефони го фотографираа „спајдермен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.