Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп денеска го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата на Конгресот. Потоа насобраната толпа проби неколку редови на полициски барикади и упадна во зградата на Конгресот за време на сесијата на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден.

Трамп претходно им се обрати на своите поддржувачи во близина на Белата куќа и ги повтори обвинувањата за изборна измама, повикувајќи ја толпата да маршира кон Капитол.

Во меѓувреме Твитер оневозможи „одговор“ (reply). ретвит или поддршка на твитови на Трамп до демонстрантите. Компанијата соопшти дека тоа поради ризик од насилства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.