Полската полиција денес привремено му ја одзеде возачката дозвола на поранешниот висок функционер на Европската унија, Доналд Туск и го казни поради пречекорување на бризината на возење, објавува Асошиејтед прес.

Туск, кој сега е лидер на главната полска опозициска партија Граѓанска платформа, на Твитер објави дека казната е соодветна и дека ја прифаќа без расправија.

Дозволата му е одземена на три месеца и доби 10 казнени поени од 24 гозволени, како и казна за пречекорување на брзината.

Полицијата соопшти дека лицето Доналд Туск во населено место возел 50 километри побрзо од дозволеното.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.