Претседателот на Европскиот совет на заминување, Доналд Туск, изјави во средата во Загреб дека му е доста да биде првиот европски бирократ и дека тргнува во борба за избирачите против популистите, што ќе стане нов челник на Европската народна партија (EPP).

Туск е единствен кандидат за челник на конзервативниот партиски блок на изборниот конгрес кој се одржува во Загреб, каде што во средата со него се сретнаа и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицскоски.

На едната страна се партиите на неодговорниот популизам, а на другата нашата партија на одговорна популарноста… По пет години доста ми е да бидам главен европски бирократ. Јас сум подготвен за борба, се надевам дека сте подготвени и вие“, изјави Туск пред претставниците од четириесетина земји. Нему кон крајот на ноември му престанува мандатот во Европскиот совет.

Основан во 1976 година, сојузот на европските конзервативни и партии од десниот центар во моментов го обединува 84 политички субјекти од 43 земји.

Со своиени 182 од 751 мандат, EPP е најголемата политичка групација во Европскиот парламент, и заедно со социјалистите, либералите и зелените го прават мнозинскиот проевропски сојуз против евроскептичните и суверенистички партии.

Туск изјави дека стравот игра главна улога во политиката и дека поради мигрантстите кризи и терористичките напади последните години, граѓаните го барале чувството на безбедност.

 

Поради тоа нивите срца толку лесно ги освојуваат оние го извикуваат ‘станете, направете ја својата земја повторно голема, вратете ја контролата’“, рече Туск алудирајќи на слоганите на челниците на суверенистичките парти во Европа и на предизборниот слоган на американскиот претседател Доналд Трамп.

Туск, притоа, рече дека смета оти право да владеат имаат само иние кои сакаат и можат на луѓето да им го пружат чувството на безбеднот, истовремено чувајќи ги нивните слободи и права.

 

Под ниедни услови не смееме да ја препуштиме сферта на слободата и редот на популистите, на манипулаторите и автократите кои луѓето ги наведуваат да веруваат дека слободата не може да оди рака под рака со безбедноста. Дека заштитата на нашите граници и територии не може да оди заедно со либералната демократсија и со владеењето на правото. Нема вредностите како граѓанските слободи, владеењето на правото и пристојното јавно однесување да ги жртвуваме на олтарот на безбедноста и редот, бидејќи за тоа нема потреба. Оние кои тоа не можат да го прифатат, дефакто се исклучуваат од семејството“, истакна Туск.

Во својот повеќе неолиберален отколку конзервативен настап, Туск во прв ред алудираше на партијата Фидеш, на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која во март EPP ја суспендираше во март поради кампањата против претседателот на Европската комисија на заминување Жан-Клод Јункер и американскиот неолиберален берзански шпекулант Џорџ Сорос, кој ги обвини за притисок за менување на етно-конфесионалната страктура во Европа.

Иако се реалативни победници на европските избори во мај, EPP освои 39 мандати помалку отколку на изборите во 2014 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.