Од идната среда (7 јули) странските туристи во посета на Франција ќе треба да платат за тест за Ковид-19.
Одлучивме дека странските туристи треба да плаќаат за тестовите. По 49 евра за ПЦР тестот и 29 евра за антигенски тест. Ова е реципроцитет затоа што Французите кои патуваат во странство треба да плаќаат за овие тестови во повеќе земји – изјави владиниот портпарол, Габриел Атал.
Претходно, водечкиот научен советник на француската влада, Жан-Франсоа Делфреси, изјави дека Франција веројатно ќе има четврти бран на Ковид-19 поради појавата на Делта сојот на вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.