Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека осомничениот припадник на ИД, уапсен во Сирија, е „мозокот“ на операциите на нападите во Русија и во Германија.
Минатата недела Турција објави дека уапсила важен член на ИД во Сирија, а Саул изјавил дека станува збор за Јусуф Хуби и дека тој раководел со нападите на ИД во Русија во 2018 година, како и врз супермаркет во Хамбург.
Уапсивме висок член на ИД, кој е познат како бомбаш, изработувач на бомби и мозок на самоубиствени напади – рече Сојл.
Како што нагласи, Хуба бил приведен и испрашуван во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.