Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека ќе се воведе полициски час кој ќе трае четири дена. Ќе започне на 16 мај и ќе трае до 19 мај кога е и национален празник во Турција.

Голем број од турските градови изминатите четири викенди беа со полициски час, а беше укинат и меѓуградските патувања. Забраната за меѓуградски патувања се укина во дел од градовите, но во трите најголеми градови, Истанбул, Анкара и Измир засега останува на сила.

Четиридневниот карантин нема да биде прв во Турција. Ист таков имаше и минатиот месец во 31 град кога полицискиот час започна во четврток – 23 април и траеше до недела – 26 април. И тогаш таму имаше национален празник.

Според „Ворлдометар“, во Турција досега се регистрирани 139 771 случаи со ковид-19. Од нив 3 841 починале, додека 95 780 се излекувале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.