Турција почна да ги испорачува заробените припадници на Исламска држава во матичните земји, соопшти денеска телевизијата ТРТ Хабер, откако турското Министерство за внатрешни работи минатата недела предупреди дека државата тоа ќе го стори дури и во случај на заробениците да им е одземено државјанството.
Засега не е познaто колку џихадисти се опфатени од репатријацијата.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во петокот кажа дека во турските затвори се наоѓаат 1.201 заробеник од Исламска држава, како и дека Турција заробила уште 287 екстремисти во Сирија, пренесоа британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.