Турција побара од Европската Унија да преземе „конкретни и конструктивни“ чекори во врска со долго разгледуваните прашања, како што се обновување на договорот за мигрантите и разгледување на визната либерализација.

Лидерите на ЕУ вчера соопштија дека се подготвени да ја зајакнат трговијата со официјална Анкара и со неа да го продолжат миграцискиот договор од 2016 година , но се заканија со санкции доколку Турција продолжи со „нелегалното“ истражување на енергенси во источниот Медитеран.

По состаокот на Европскиот совет во јуни ЕУ ќе донесе дополнителни одлуки за овие две парашања, соопштија вчера од Брисел.

Официјална Анкара се надева дека поставувањето предуслови и „решавањето само на одредени области и нивно одложување до јуни нема да доведе до губење на позитивниот импулс (со ЕУ)“, наведе доцна синоќа турското Министерство за надворешни работи.

ЕУ „нема овластување“ да ги означува турските активности за дупчење во Источен Медитеран како нелегални – се наведува во соопштениете на турското МНР.

о соопштението се додава дека Анкара се уште „ги поздравува напорите направени во извештајот за подобрување на односите Турција-ЕУ врз основа на позитивна агенда“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.