По пресудата на турскиот Уставен суд, од денеска треба да се укине забраната за Википедија во оваа земја. Судот пред извесно време одлучи дека блокадата на интернетската енциклопедија во Турција, која, патем, трае веќе две години, претставува кршење на слободата на изразување.

Пресудата на Уставниот суд, објавена во Службен весник, го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година, поради напис во Википедија со кој Турција се поврзуваше со терористички организации.

Пристапот до страниците на Википедија ќе биде овозможен откако пресудата, што беше донесена со десет гласа „за“ и шест „против“ на уставните судии, и официјално и биде проследена на Агенцијата за надзор врз телекомуникациите.

Укинувањето на забраната од Уставниот суд го побара Фондацијата Википедија, непрофитната организација која оддржува страници со онлајн енциклопедии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.